full screen background image
Search

Land Rover слави 30 години Discovery со специјалниот Landmark Edition

Британскиот бренд го слави 30-тиот роденден на легендарниот Discovery со специјална, славеничка верзија наречена Landmark Edition.

Discovery Landmark Edition стандардно добива многу опрема. Меѓу другото, го добива Dynamic Exterior Pack пакетот кој вклучува нов преден браник, црна маска на ладилникот и уникатни отвори за вентилација на крилата. Дополнително, се добиваат оооогромен панорамски кров, предни светла за магла и врвната изведба на предните светла, како и 20-инчни сјајно-црни тркала и уникатни ознаки.

Кабината може да се добие во Ebony или Acorn кожа, а дел од опремата се и специјална централна конзола, Meridian Sound System и уште многу, многу други ситници. Ќе може да се добие со SD4 или SD6 турбо-дизелите кои нудат 240, односно 306 коњски сили. Секако, бидејќи се работи за Land Rover – а особено бидејќи се работи за славенички модел – Discovery Landmark Edition ги добива сите системи и технологии за сериозно теренско возење.

Меѓу другото ќе го добие и All Terrain Progress Control системот кој овозможува одржување на брзината во разно-разни услови на возење. Секако, тука е и Terrain Response 2 системот кој овозможува различни режими на возење во зависност од условите. Landmark Edition може да влезе во вода длабока до 90 сантиметри и може да влече до 3500 килограми.

Среќен роденден, Discovery!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.