Ford го претстави Mustang EcoBoost High Performance – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford го претстави Mustang EcoBoost High Performance

Сакате повеќе од вашиот Mustang EcoBoost? Ford подготви свој тјунинг пакет кој ја зголемува силата за 20-тина коњски сили, но и значително ги подобрува перформансите!

Измените кои Ford ги подготви за 2.3-литарскиот EcoBoost турбо-бензинец (знаете, оној истиот кој се вградува во Focus RS) не се незначителни – но најважниот новитет е редизајнираниот турбополнач. Со сите измени, моторот сега испорачува 335 коњски сили и 475 Nm вртежен момент. Што значи тоа во перформанси? Бенчмаркот од 100 километри на час се постигнува за помалку некаде меѓу 4.5 и 5 секунди, а максималната брзина е цели 50-тина километри на час повисока од „обичниот“ EcoBoost Mustang.

Дел од пакетот е активен спортски издувен систем, нова суспензија, 4-клипни предни сопирачки (кои доаѓаат од Mustang GT), како и нови заден диференцијал со ограничено пролизгување. Инженерите од Ford кажуваат дека на сето ова се додава и рекалибрирано управување, како и ре-тјунирани ABS и систем за контрола на стабилноста – па гордо кажуваат дека Mustang EcoBoost High Performance е подготвен за користење и на тркачките патеки. Визуелните измени вклучуваат црна предна маска на ладилникот, странични значки, сиви странични ретровизори и уште неколку ситници.

Доколку сакате уште повеќе спортски дух, можете да го нарачате и EcoBoost Handling пакетот кој вклучува пошироки предни тркала обвиени во Pirelli P Zero Corsa4 пневматици во димензии 265/40-19, дополнително зацврстување на шасијата, Torsen заден диференцијал како и специјална калибрација на MagneRide амортизерите. Првите испораки во Америка се очекуваат оваа есен, а наскоро потоа и во Европа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.