Третата генерација Skoda Superb е произведена во 500.000 примероци! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Третата генерација Skoda Superb е произведена во 500.000 примероци!

Чешкиот бренд се пофали со успешноста и популарноста на големиот Superb – веќе е произведен во 500.000 примероци!

Јубилејниот Skoda Superb се произведе во фабриката на Skoda во Чешката Република, но големиот седан се произведува во Aurangabad во Индија, Nanjing во Кина, Ust-Kamenogorsk Казакстан (кај Борат) и Solomonovo, Украина. Superb е еден од најпопуларните автомобили во својот сегмент и еден од најпопуларните модели на Skoda.

Тајмингот на овој јубилеј не е воопшто случаен – Skoda се подготвува да го претстави освежениот Superb во следниве неколку седмици, и токму Superb ќе биде првиот плаг-ин хибриден модел на брендот. Инаку, популарноста на Superb трае веќе со години – првиот (модерен) Superb беше претставен во 2001, и од тогаш до сега се продадени преку 1.250.000 седани и каравани.

На нашиот пазар, Superb може да се добие со неколку различни TDI турбодизелски како и TSI турбо-бензински мотори. Цените започнуваат од 22.604 евра за Super 1.5 TSI Active, а на самиот врв е Superb 2.0 TSI со 280 коњски сили, погон на сите четири тркала и DSG менувач во Laurin & Klement ниво на опрема. Прочитајте го нашиот тест на Skoda Superb.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.