Неделно Кино: Битка на жешките компакти! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Неделно Кино: Битка на жешките компакти!

Во потрага сте по спортски компактен автомобил со околу 300 кс, а не сакате да се посрамотите во трка на 400 метри? Ова видео морате да го гледате!

Британскиот магазин Carwow на авионска писта ги спореди перформансите на моделите BMW 140i, Mercedes-AMG A35, Volkswagen Golf R, Audi S3 и Ford Focus RS. Иако се со приближни бројки за сила, поголемиот дел доаѓаат со автоматски менувач и погон на сите четири тркала, со разлика што 140i има погон само на задните тркала, а Focus RS има мануелен менувач.

Погледнете го видеото и дознајте со кој автомобил ќе излезете како победник пред останатите!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.