full screen background image
Search

Jaguar подготви специјални 300 SPORT и Chеquered Flag изведби на популарниот F-Pace

Британскиот бренд подготви две интересни специјални изведби на супер-популарниот F-Pace – едната ја носи ознаката 300 Sport и е ориентирана кон перформансите, а Chequered Flag едицијата е со многу, многу дополнителна опрема.

Jaguar F-Pace 300 SPORT може да се нарача до два различни мотори – и секој од нив испорачува по 300 коњски сили. Доколку сакате турбо-бензинец, тука е 2-литарскиот Ingenium кој испорачува 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, и овозможува забрзување до 100 километри на час за 6.1 секунда, како и максимални 233 километри на час. Турбодизелот е во V6 конфигурација и испорачува 700 Nm вртежен момент, „стотка“ за 6.4 секунди и максимални 241 километар на час.

300 SPORT ќе го препознаете по сатенско-сивите детали на екстериерот, како и очекуваните 300 SPORT значки. Кабината добива контрастни опшивки во жолта боја на панелот со инструменти, централната конзола и спортските кожни седишта.

Секако, интересен е и Jaguar F-Pace Chequered Flag – овој модел добива уникатен екстериер со спортски преден браник, сјајно-црни детали, како и специјални бои – Yulong White, Santorini Black и новата Eiger Grey. Кабината нуди одлична комбинација на луксузни материјали и рачно-изработени детали – детали од кожа, алуминиум и специјални ознаки. Купувачите ќе добијат седишта кои електрично се нагодуваат во 10 насоки, премиум аудио уред, 12.3-инчен дисплеј пред возачот, итн…

F-Pace Chequered Flag може да се добие со 250-коњски турбо-бензинец, или пак турбодизел со 180 или 240 коњски сили. Во меѓувреме, прочитајте го нашиот тест на Jaguar F-Pace.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.