ПРЕМИЕРА: Ferrari P80/C – Еден примерок, само за на тркачка патека! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ferrari P80/C – Еден примерок, само за на тркачка патека!

Ако имате многу, многу, многу пари, Ferrari ќе направи уникатен автомобил само за вас – и токму тоа е приказната со новиот P80/C – Ferrari изминативе четири години работеа на овој уникатен примерок кој ќе може да се вози само на тркачките патеки!

Ако прашате „зошто дури четири години“ – одговорот е интересен. Со P80/C, Ferrari одлучиле да применат сосем друг пристап, барем кога станува збор за уникатните автомобили. Во овој автомобил е инвестирано многу, од аспект на истражување, инженеринг и аеродинамичка оптимизација и тестирање. Автомобилот е направен за клиент кој Ferrari го идентификува единствено како „ТК“ и го опишуваат како „голем уживател на светот на Ferrari“.

Инаку од Ferrari кажуваат дека P80/C е целосно нов пристап кон спортските прототипови на брендот, а клиентот сакал да добие автомобил кој е инспириран од легендарните 330 P3/P4 и Dino 206 S. Новиот автомобил е поставен на основата на 488 GT3, бидејќи овој автомобил има одлични перформанси и подолго меѓуоскино растојание од 488 GT3 – а тоа им дозволило на дизајнерите малку повеќе креативна слобода. Ќе истакнеме уште неколку интересни детали – предните и задни крила, долгиот заден дел, ветробранското стакло кое се обвива околу кабината и.. Нема крај.

Купувачот побарал две конфигурации од Ferrari – една која е наменета за тркачки патеки, каде автомобилот има гооолем карбонски спојлер и 18-инчни тркала, како и пакет „за покажување“ кој носи 21-инчни тркала и нема аеродинамични додатоци. Секако, целиот автомобил е изработен од карбонски влакна а каросеријата е офарбана во Rosso Vero црвена боја.

 

Поврзано:   Ferrari 296 GTB на Novitec има 856 коњски сили!

И колку чини сето ова? Од Ferrari не објавуваат ништо. Но ако веќе мораме да прашаме, значи дека наааааајверојатно не можеме да си го дозволиме…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.