Учениците во Skoda подготвуваат пикап базиран на Kodiaq! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Учениците во Skoda подготвуваат пикап базиран на Kodiaq!

Се сеќавате на Skoda Felicia Fun – оној откачениот пикап од почетокот на 2000-тите години? Учениците во Skoda Vocational School for Mechanical Engineering подготвуваат спиритуален насленик на овој супер-кул автомобил во форма на пикап базиран на големиот Kodiaq!

На проектот работат 35 студенти од Skoda Vocational School for Mechanical Engineering, и ова ќе биде шесттиот автомобил кој е дело кое излегува од  ова училиште.

Првата работа која нè асоцира на Skoda Felicia Fun е токму бојата на концептот. Во ред, она кое го го гледаме се само скици, но мораме да признаеме дека поврзаноста е неизбежна. Проектот е со целосна поддршка од дизајн и инженеринг тимовите на Skoda, па очекуваме дека финалниот продукт ќе биде навистина интересен. Секако, финалниот производ ќе биде произведен во само еден примерок (и најверојатно ќе дебитира на Worthersee),  но талентираните практиканти во Skoda имаат традиција со креирање интересни автомобили.

Интересно, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.