Новиот KIA Soul во Европа ќе се нуди само со електричен погон – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот KIA Soul во Европа ќе се нуди само со електричен погон

KIA ја претстави третата генерација на Soul – фанки модел наменет за помладата популација. Иако формата е слична со претходната генерација, дизајнерските детали и новите технологии се знак дека KIA Soul е целосно нов автомобил.

Тенката предна светлосна група е комбинирана со дневни светла сместени во големи отвори на предниот браник. Бензинските модели имаат и големи централни отвори за ладење, додека електричниот модел има пластичен поклопец на истото место за подобрување на аеродинамичните способности. Задниот дел на Soul е исто така целосно редизајниран – модерните LED светла кои непрекинато ги поврзуваат левата и десната страна на Soul потсетуваат на бумеранг, а дизајнерите на Kia се потрудиле задните столбови на возилото да наликуваат на – цитираме – „авионски крилја“.

Во ентериерот, дизајнерите употребуваат форми, отвори и текстури кои наликуваат на музички бранови со цел да ги – повторно цитираме – „раздразнат сите сетила“. Се тоа е надополнето со амбиентално осветлување кое може да се синхронизира со музиката која во моментот свири во вашиот автомобил. Освен тоа, Soul располага со 10.2 инчен HD екран на допир од каде се контролираат повеќето функции и поставки за автомобилот, а од листата на опции може да се избере и озвучување од 10 звучници, 640 вати и посебни засилувач и сабвуфер.

Погонот за европски пазар ќе се состои единствено од електрични мотори – 201 коњска сила и 394 њутн метри вртежен момент – доста добри бројки за возило од таа големина. Во Северна Америка, покрај електричниот модел ќе има и два бензински мотори и избор помеѓу 3 менувачи: 2 литарски атмосферски бензинец со 147 коњски сили, 1.6 тубро-бензинец со 201 коњска сила и CVT, 6 брзински мануелен, како и 7 брзински менувач со двојна спојка.

 

Поврзано:   Дамите го одбираат Women's Worldwide Car of the Year - ова се финалистите!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.