Daimler има амбициозни планови за електрификација – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Daimler има амбициозни планови за електрификација

Автомобилските компании веќе имаат инвестирано огромни ресурси во електрификацијата – а Daimler воопшто не касни зад конкурентите и  планира да лансира 130 електрични или електрифицирани модели до 2022-рата година.

Daimler не планира само да произведува електрични автомобили – тие планираат да произведуваат и батерии, како за себе, така и за други производители. Компанијата планира да произведува батерии во 8 фабрики, на три различни континенти.

Компанијата веќе произведува батерии во Kamenz, а втората фабрика ќе биде отворена следната година. Две дополнителни фабрики ќе бидат направени во Stuttgart-Untertürkheim, уште една во погонот во Sindelfingen, и по една во Пекинг во Кина, Бангкок во Тајланд и Таскалуса во САД.

Daimler ќе инвестира повеќе од една милијарда евра само во зголемување на капацитетите за производство на батерии, но дури 10 милијарди евра ќе бидат инвестирани во проширувањето на електричната гама на Mercedes-Benz, и уште 20 милијарди евра се наменети за купување батериски ќелии од други производители во следните 12 години. Претседателот на одборот на Daimler – Dieter Zetsche – изјави дека „по инвестирање милијарди евра во развој на електричните модели и експанзијата на глобалната мрежа за батерии, сега го правиме следниот чекор. Со набавката на батериски ќелии во врендост од повеќе од 20 милијарди евра, ние системски буткаме напред со трансформацијата кон електричната иднина на компанијата.“

Daimler планира да лансира 130 електрифицирани верзии на своите возила до 2022-рата година, меѓу кои ќе има и електрични комбиња, автобуси и камиони. Во превод, тоа значи дека сите модели и разно-разни варијанти кои ги продава Daimler низ своите брендови ќе имаат некаков вид на електрификација.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.