Утринска Гимнастика: Новата против старата школа на Volkswagen! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Новата против старата школа на Volkswagen!

Магазинот Carwow ги спротивстави силите на новиот VW Up GTI и стариот VW Golf 2 GTI со цел да го прикаже 30 годишниот напредок на спортските компакти.

Произведена од 1983-1991, втората генерација на Golf GTI е погонувана од 1.8-литарски четири-цилиндарски природно аспириран агрегат со 115 кс и 157 Nm вртежен момент. Спротивно на тоа, модерниот Up GTI доаѓа со 1-литарски три-цилиндарски турбо бензински мотор, кој произведува идентични 115 кс, но повисок вртежен момент од 230 Nm.

Која е разликата помеѓу перформансите на застарените високотуражни агрегати и модерните турбо-бензинци со намалена зафатнина дознајте ја во видеото подоле:



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.