Иако баварскиот производител сега за сега не објавува официјални податоци, сепак се претпоставува дека новиот линиски турбо-бензинец со шест цилиндри ќе испорачува околу 460 коњски сили!
Прототиповите кои BMW ги покажа на DTM трката на Nürburgring не се финални модели, но се одлична најава за сериските автомобили кои се очекуваат наскоро на пазарот. Тие добиваат редизајнирани браници со поголеми отвори за воздух, лесни тркала, подобрена аеродинамика и подобрени сопирачки. Секако, доработена е и суспензијата, а вистински новитет е новиот M TwinPower Turbo линиски турбо-бензинец со шест цилиндри.
Иако BMW не објави конкретни податоци, сепак гласините кои се шират наоколу зборуваат за 3-литарски турбо-бензинец со шест цилиндри во линија кој би испорачувал некаде околу 460 коњски сили. Новитет кај X3 M и X4 M е и xDrive погон на сите четири тркала кој ќе биде многу сличен на оној кај M5.
Всушност, од BMW се толку уверени во можностите на X3 M и X4 M, што кажуваат дека „новите М-SUV модели ќе нудат недостижно ниво на агилност, прецизност и динамичност.“