Citroen продаде 400.000 примероци од новиот C3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroen продаде 400.000 примероци од новиот C3

Citroen гордо соопшти дека за помалку од две години производство, веќе успеа да продаде 400,000 примероци од новата генерација на моделот C3, вклучувајќи 160.000 продажби од почетокот на оваа година.

Малиот градски компакт на Францускиот бренд се покажа како мошне популарен модел со неговиот фанки модерен дизајн понуден со многу опции, што може да се види од извештајот каде е објавено дека 65% од продадените примероци се со двобојна каросерија, 40% од купувачите се одлучиле за врвното ниво на опрема и речиси 25% од продадените возила се со персонално одбрана боја на кабината на возилото.

Интересно е и дека вкусот на купувачите бил речиси подеднакво поделен во мислењето за Airbump страничните заштитни панели, кои ги одбрале како опција 55% од сопствениците на нови C3 возила. Кога ние го возевме новиот Citroen C3, нам ни се допаднаа Airbump панелите – прочитајте го нашиот тест на новиот Citroen C3.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.