Volkswagen го претстави up GTI – доаѓа следната година и носи 115 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го претстави up GTI – доаѓа следната година и носи 115 коњски сили!

Иако сега за сега го најавува само како концепт, Up GTI ќе биде претставен на Worthersee и ќе започне да се произведува на почетокот на следната година.

По Golf GTI и Polo GTI, Volkswagen во понудата ќе додаде и Up GTI. Најмалиот член на GTI фамилијата ќе носи 1-литарски TSI турбо-бензинец кој испорачува 115 коњски сили и одлични 230 Nm вртежен момент. Бидејќи малиот Up тежи само 997 килограми, овој мотор ќе му овозможи забрзување до 100 километри на час за само 8.8 секунди и ќе може да постигне максимални 197 километри на час.

Up GTI ќе го препознаете по спортските браници, големите, 17-инчни тркала и другите GTI-инспирирани елементи. Во кабината ќе добиете управувач обложен со кожа, тркалезна рачка од менувачот и легендарните карирани седишта. GTI рецептот е исполнет!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.