full screen background image
Search

Официјално: Ова е новиот Škoda Karoq!

По долгото најавување, чешкиот производител конечно официјално го претстави наследникот на Yeti – запознајте го новиот Karoq!


Новиот SUV на Škoda не само што има ново име, туку и влече дизајнерска инспирација од поголемиот Kodiaq. Иако на прв поглед можеби изгледа токму како помала верзија на Kodiaq, новиот Karoq има сопствен идентитет. Најголемите разлики се гледаат во дизајнот на предните и задните светла, кои иако наликуваат на оние на Kodiaq, сепак имаат своја, уникатна форма.

Karoq ќе биде директен сестрински модел на Volkswagen Tiguan и Seat Ateca (обата модели се нудат само со пет седишта, додека Kodiaq се нуди и со седум). Karoq е долг 4382 милиметри, широк 1841 милиметар и висок 1605 милиметри, и има импресивно меѓуоскино растојание од 2638 милиметри. Ова ветува многу простор во кабината – и токму тоа и го добиваме – покрај доволно простор за возачот и сопатниците, на располагање стојат 521 литар багажен простор кои нараснуваат на 1630 литри со преклопни задни седишта. Дополнително, задните седишта можат да бидат целосно отстранети за вкупно 1810 литри багажен простор.

Karoq ќе може да го добие и целосно-дигиталниот панел со инструменти кој е достапен кај други модели на Volkswagen групацијата, кој ќе може да биде прилагоден според желбите на возачот. Исто така, новиот Karoq ќе може да се добие и со LED предни и задни светла, електрична врата за багажниот простор, LED амбиентално осветлување, Wi-Fi поврзување со LTE модул, и уште многу, многу други ситници.

Во однос на моторите и менувачите – Karoq е еден од првите модели на Volkswagen групацијата кој ќе ги добие новите 1.5-литарски TSI EVO турбо-бензинци со деактивација на цилиндри, а ќе го добие и 1-литарскиот TSI. Боите на дизелите ќе ги бранат добро-познатите 1.6 и 2-литарски TDI турбодизели, а во зависност од обраниот мотор ќе може да се добие шест-степен мануелен или седум-степен DSG менувач со двојна спојка. Секако, купувачите ќе можат да одберат и меѓу погон на предните или погон на сите четири тркала!

Поврзано:   Škoda ја најави NEXT LEVEL стратегијата за иднината - Интернационализација, електрифицикација и дигитализација

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.