full screen background image
Search

Michelin препорачува: Не ги менувајте пневматиците непотребно рано!

Експертите и познавачите обично препорачуваат пневматиците да се менуваат кога ќе имаат 3 милиметри длабока шара, иако легалниот минимум е само 1.6 милиметри – но производителот Michelin ги предупредува купувачите да не го прават тоа!


Според Michelin, прераното заменување на пневматиците со нови е погрешно и непотребно. Производителот на премиум пневматици директно го напаѓа тврдењето дека пневматиците треба да се заменат кога ќе имаат 3 милиметри длабока шара, и советува да се возат пневматиците до нивниот легален лимит од 1.6 милиметри длабока шара.

Луѓето од Michelin кажуваат дека нивните премиум пневматици имаат подобри перформанси и карактеристики со шара длабока 1.6 милиметри од другите буџет брендови со 3 милиметри шара. Дополнително, кажуваат дека гумите стануваат поефикасни во однос на потрошувачката на гориво бидејќи како што се трошат, отпорот при вртење се намалува.

Според анализите на Michelin, ако сите возачи во Европа ги сменат пневматиците на 3 милиметри шара, наместо на 1.6, тогаш ќе потрошат скоро 7 милијарди евра годишно на купување нови пневматици и непотребна потрошувачка на гориво. Сето ова би резултирало со 128 милиони дополнително-произведени пневматици, односно 9 милиони тони дополнителна емисија на штетни CO2 гасови

„Сугерирањето дека гумите треба да се сменат порано (односно, пред легалниот лимит) е слично на наметнување планирана непотребност“  – изјавуваат од Michelin – „купувачите сигурно не би фрлиле чевли само заради тоа што им треба чистење, или не би фрлиле во корпата за отпадоци туба со паста за заби која сè уште има уште половина од пастата во неа – зошто би го направиле тоа со пневматици?“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.