Novitec претстави тјунинг пакет за новиот Maserati Levante – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Novitec претстави тјунинг пакет за новиот Maserati Levante

Германскиот тјунер создаде пакет со дополнителни компоненти за новиот Maserati Levante, кој содржи засилување на перформансите и измена на екстериерот.

Инженерите на Novitec го доработиле 3.0-литарскиот твин-турбо V6 агрегат на 494 кс и 659 Nm вртежен момент. Дополнителните 64 кс и 80 Nm му помогнуваат на кросоверот да забрза од 0-100 км/ч за 4.8 секунди кон неговата максимална брзина од 272 км/ч.

Визуелно, тјунираниот Levante добива широк бодикит составен од осум делови. Тука се вклучени преден и заден спојлер, дифузер, странични прагови, издигнат карбонски отвор за вентилација на поклопецот од моторот и додатоци на страничните крила кои го прават возилото за 10 сантиметри пошироко кај предните и 12 сантиметри пошироко кај задните тркала.

Фабричките тркала се заменети со специјално дизајнирани алуминиумски фелни со големина од 22 инчи, широки 10 инчи напред и 12 инчи позади. Изгледот го комплетира воздушната суспензија која го приближува автомобилот кон подлогата за 25 милиметри.

Novitec е меѓу најпознатите тјунерски компании специјализирани за доработка на Италијанските модели, но ова е првиот нивен пакет наменет за SUV возило.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.