full screen background image
Search

Вечерно Кино: Супер-брзиот рекорд на електричниот NIO EP9 на Нирбургринг!

Само еден ден по објавата за новиот рекорд на Нирбургринг, Nio побрзаа да го објават и видеото од најбрзиот круг!

Електричниот EP9 со импресивното време од 6:45.9 ги порази времињата на Lamborghini Huracan Performante, како и тврдокорниот тркачки модел Radical SR8LM. Она што може да се забележи на видеото се неговите навистина импресивни перформанси и возни својства, кои делуваат недостижни за останатите конкуренти.

Сепак, Nio не прецизираа каков тип на пневматици користеле во овој обид за рекорд, но во претходните обиди јасно се гледаше дека EP9 вози на целосно мазни ‘сликови’, кои би можеле да имаат огромна улога во тракцијата на возилото на патеката, a исто така да го направат рекордот невалиден.

Во секој случај, погледнете го супер-брзото возење и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.