full screen background image
Search

F-Pace е заслужен за зголемената продажба на Jaguar Land Rover

Британскиот луксузен бренд може да се пофали дека оваа година значително ја зголеми продажбата – а еден од најзаслужните модели за ова е токму Jaguar F-Pace!

Луѓето од Jaguar Land Rover се пофалија дека продажбата во Април оваа година е значително зголемена во однос на истиот месец минатата година – а заслужен за тоа е овогодинешниот Светски Автомобил на Годината – новиот F-Pace.

Jaguar Land Rover продаде скоро 220.000 возила во првите четири месеци од оваа година – и бележи зголемување во однос однос на истиот период минатата година. Продажбата во САД е зголемена за одлични 33%, во Кина за 10% и во Европа за 3%. Само во Април се продадени 40.385 возила.

Ниту Jaguar ниту Land Rover не можат да се пожалат на овогодинешната продажба. Во периодот од Јануари до Април оваа година, Jaguar продаде вкупно 66.279 возила, што е за 75% повеќе од минатата година, а Land Rover продаде 153.612 возила – зголемување за 5.4%.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.