Најмалиот SUV на Volvo – новиот XC40 – пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Најмалиот SUV на Volvo – новиот XC40 – пристигна во Македонија!

Новиот Volvo XC40 – кој воедно е овогодинешниот Европски Автомобил на Годината – пристигна во салонот на Volvo во Скопје.

Најновиот – и најмал – SUV на Volvo, XC40 пристигна во Македонија. Новиот SUV на шведскиот бренд неодамна се закити со титулата Европски Автомобил на Годината и ние сме среќни што тој пристигна и кај нас.

XC40 го карактеризира дизајн кој иако е во рамките на тековниот „look“ на шведскиот бренд, сепак изгледа динамично и дури би рекле, малку различно од другите модели на брендот. Оваа карактеристика го издвојува – не само од другите модели на Volvo, туку и од конуренцијата.

Како што веќе знаеме, XC40 е првиот модел на Volvo кој го добива новиот 1.5-литарски три-цилиндерски мотор, а во понудата се и другите мотори кои се достапни кај XC40 – турбодизелите со ознаката D3 и D4, како и T4 турбо-бензинецот со 190 коњски сили.

Новиот XC40 веќе може да се добие по цена од 46.990 евра за врвно-опремен Inscription модел со многу, многу опрема, D4 турбодизел со 190 коњски сили, автоматски менувач, погон на сите четири тркала и уште многу други додатоци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.