Volkswagen направи футроли за телефони со метал од сообраќајни незгоди – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen направи футроли за телефони со метал од сообраќајни незгоди

Во обид да ги намали сообраќајните незгоди причинети од користење на телефоните во возење во Шведска, Volkswagen претстави серија телефонски футроли кои се направени од метал изваден од возила оштетени во сообраќајни незгоди.

Претставувањето на футролите доаѓа кратко по стапувањето во функција на пропис кој го прави незаконско користењето на телефон во текот на возењето. Германскиот бренд ќе произведе само 153 примероци од футролите, што е всушност истиот број на сериозни сообраќајни несреќи кои се случиле во Шведска во Февруари.

Бренд менаџерот на Volkswagen – Јохан Карлсон – изјави дека футролите ќе имаат задача да бидат „тивок потсетник“ да не го користите телефонот позади воланот. Сите парични средства собрани со продавање на футролите ќе одат во Trafikskadefonden – шведската група за рехабилитација и помош на лица кои биле повредени во сообраќајни незгоди. Секоја од футролите ќе биде рачно направена и ќе има уникатен сериски број.

Идејата е навистина интересна. Иако е малку морбидно да се користат материјали од автомобили во кои луѓе биле повредени или починати, футролите ќе делуваат како ефективен потсетник за луѓето да не ги користат телефоните при возење.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.