full screen background image
Search

Volvo XC40 е Европски Автомобил на Годината за 2018!

Жирито кое го одбира Европскиот Автомобил на Годината го одбра овогодинешниот победник – а титулата му припада на најмалиот кросовер на Volvo – новиот XC40!

Токму така – титулата Европски Автомобил на Годината за 2018 му припадна на новиот Volvo XC40. Жирито, составено од 60 автомобилски новинари од 23 земји го одбра токму најновиот и најмалиот член на SUV семејството на Volvo за овогодинешен победник.

Претседателот на Volvo – Hakan Samuelsson беше навистина возбуден ир адосен – „Освојувањето на оваа награда со новиот XC40 е одличен јаминг. Volvo за прв пат глобално во своето портфолио има три SUV модели, а XC40 значително ќе допринесе кон понатамошниот раст.“

XC40 е првиот модел поставен врз новата CMA архитектура на брендот. Истата платформа ќе се користи за сите автомобили во 40 Серијата на Volvo, а ќе се користи и за електрични варијанти на моделите.

„Имаме јасна стратегија за раст, и посветени сме кон водство во автомобилскиот сектор во однос на безбедноста, конективноста и електрификацијат“ – кажа Samuelsson и додаде – „XC40 ја отсликува оваа посветеност и ако ги земеме во предвид реакциите на купувачите, но и на жирито за Автомобил на Годината, навистина сме на вистинскиот пат.“

Честитки до Volvo за освоената титула!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.