full screen background image
Search

Новиот XC40 го добива првиот мотор со три цилиндри на Volvo!

Новиот компактен кросовер на шведскиот бренд ќе биде првиот модел кој ќе го добие новиот 1.5-литарски бензински мотор со директно вбризгување и три цилиндри.


Новиот 1.5-литарски бензински мотор со три цилиндри и директно вбризгување е целосно развиен од страна на Volvo, и неговата главна намена е да се вградува во идните хибридни и плаг-ин хибридни возила на брендот.

Сепак, прв ќе го добие токму новиот XC40, ознаката на моторот ќе биде T3 и ќе се нуди исклучиво со шест-степен мануелен менувач. „Нашиот нов мотор со три цилиндри е возбудлив новитет  за XC40, но и за сите други модели на нашиот бренд. Овој компактен мотор ни ја нуди флексибилноста која ќе ни биде потребна додека воведувме нови погонски опции за купувачите на XC40.“ – изјави Alexander Petrofski од Volvo.

Новиот мотор ќе се произведува на истата производна лента како и четири-цилиндерските турбо-бензински и турбодизел мотори на Volvo. Секако, во понудата остануваат и другите мотори кои се достапни кај XC40 – турбодизелот D3 со 150 коњски сили, како и T4 турбо-бензинецот со 190 коњски сили. Понатаму во понудата ќе пристигне и хибридна верзија, но и целосно-електрична варијанта.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.