ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG G63 – 585 коњски сили, стотка за 4.5 секунди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG G63 – 585 коњски сили, стотка за 4.5 секунди!

AMG-дивизијата ја претстави својата интерпретација на новата G-Class која го користи добро-познатиот 4-литарски твин-турбо V8 кој во оваа верзија испорачува 585 коњски сили и 850 Nm вртежен момент!

Новиот Mercedes-AMG G63 го користи добро-познатиот 4-литарски твин-турбо V8 на AMG-дивизијата. Во оваа конфигурација, 4-литарскиот V8 испорачува 585 коњски сили и 850 Nm вртежен момент меѓу 2500 и 3500 вртежи во минута. Моќноста се испорачува преку нов, 9-брзински менувач кон сите четири тркала и резултатите се импресивни – големиот SUV постигнува 100 километри на час за 4.5 секунди и постигнува максимални 240 километри на час!

Интересен новитет е системот за деактивација на цилиндри кој е тука со цел да ја намали потрошувачката – па во ситуации кога не се потребни, половина од цилиндрите не работат, а со тоа се подобрува економичноста, ако веќе мораме да зборуваме за економичност кај супер-SUV со скоро 600 коњски сили!

Како и со многу други модели, Mercedes-AMG ќе понуди и Edition 1 изведба од новиот G63. Ќе го препознаете по црната боја со црвени детали. Надворешноста е мат-црна со темно-сиви детали, ќе добиете и огромни, 22-инчни тркала со црвени детали, а во црвена боја се и шепите од сопирачките. Истата комбинација продолжува и во кабината, каде ќе добиете црни кожни седишта со црвени опшивки и детали од карбон во – погодувате – црвена боја.

Дали Mercedes-AMG G63 е еден од најкул автомобилите на планетава? Секако!

Mercedes-AMG G63

Mercedes-AMG G63 Edition 1



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.