full screen background image
Search

Hyundai во Женева ќе ја претстави новата Santa Fe

Големиот SUV на Hyundai наскоро ќе влезе во својата најнова, четврта генерација – а премиерата на популарниот модел е закажана за Саемот на Автомобили во Женева.


Сепак, од Hyundai најавуваат дека нема да треба да чекаме до Март да го видиме новиот SUV – интернет-премиерата ќе се случи во Февруари.

Santa Fe е значаен модел за Hyundai – првата генерација се појави во 2001, втората во 2007, а третата – онаа која сега е на пазарот – во 2013. Сега за сега не се објавуваат премногу детали – но од Hyundai најавуваат дека Santa Fe ќе ги нуди најновите безбедносни системи кои се нудат. Меѓу другото, Santa Fe ќе добие и систем за предупредување пред задни незгоди кој има и автоматско кочење, како и систем кој ќе го информира возачот дали има некој на задните седишта.

Од скицата можеме да забележиме дека Santa Fe ќе преземе дизајнерски елементи од другите вакви модели на Hyundai – поточно, супер-успешниот Tucson и новата Kona. Секако, повеќе ќе знаеме кога и официјално ќе биде претставен новиот SUV.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.