full screen background image
Search

BMW M5 Competition пристигнува наскоро – ќе нуди 625 коњски сили!

Баварците не губат време – наскоро би требало да ја видиме уште помоќната изведба на M5 која ќе доаѓа со неколку различни модификации – и најважно – 625 коњски сили!


Не престанува војната меѓу германските производители и нивната желба за уште помоќни автообили. Баварците наскоро ќе го претстават M5 Competition Package кој треба да ги исполни желбите на оние кои сакаат уште подобро искуство зад управувачот и уште повеќе моќност.

Според некои добро-информирани извори, производството на хардкор-изведбата на M5 ќе започне веќе во Април, а се очекува да добие неколку доработки, меѓу кои и зголемена моќност на 625 коњски сили. Ова е незначително зголемување кое не е ни 5% од моќноста на автомобилот, но сепак е доволно за да направи некаква разлика.

Сепак, се очекува модификациите да бидат поекстензивни – па ќе добиеме и доработена шасија со ревидирана суспензија, најверојатно дел од приказната ќе бидат и нови, полесни тркала, можеби неколку визуелни модификации – и секако, неизбежните значки за да се знае дека се работи за поексклузивниот модел.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.