full screen background image
Search

Студијата Porsche 9e1 е визија за целосно електричен хиперавтомобил

Испириран од класичната форма и облини на 911, францускиот дизајнер Роман Говин го создаде футуристичкиот концепт за хиперавтомобил 9е1.

Тоа очигледно значи дека визијата ги презема стилските елементи како кружните предни светла, нежно заоблен преден дел, долг преден поклопец, поисправено ветробранско стакло и заден дел кој благо се навалува наназад кон споените задни светла во форма на линија.

Мускулестите задни крила изгледаат како прикладна еволуција на 911, а Говин исто така ја позиционирал главната батерија во задниот дел од автомобилот, со цел да го задржи оргиналното тежиште на 911, кое е карактеристично за овој модел.

Германскиот бренд изјави дека нема да произведе друг хиперавтомобил се додека технологијата не направи значителен чекор напред од 918 Spyder. Бидејќи 918 е хибрид, не би било неочекувано неговата замена да биде погонувана од целосно електрична конфигурација.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.