full screen background image
Search

BMW најавува нов роудстер со тарга кров!

Баварскиот производител најавува дека од 17-ти Август, патиштата веќе никогаш нема да бидат исти!


17ти Август е само неколку дена пред Pebble Beach Concours d’ Elegance, а ние претпоставуваме дека BMW ќе претстави некаков концепт – се шират гласини дека можеби ќе видиме некаква специјална верзија на i8, или пак некаква отворена верзија од Серијата 8 која BMW неодамна ја претстави.

Сепак – воопшто не би биле изненадени доколку видиме некаков концепт со кој ќе го најави наследникот на Z4. Новиот роудстер на BMW треба да започне да се продава во втората половина од следната година, па сега би било идеално време баварците да започнат да го промовираат новиот модел и да „креваат фама“ околу него.

Останува да бидеме трпеливи и да видиме што ќе понуди BMW.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.