full screen background image
Search

Audi победи на 24 Hours of Spa!

Германскиот тим освои победа на престижниот натпревар со својот фабрички тим, а зад воланот на Audi R8 LMS беа Markus Winkelhock, Christopher Haase и Jules Gounon.


Германскиот тим заврши 11 секунди пред M-Sport Bentley Continental тимот и ја освоија четвратата GT3 победа на оваа трка.

Audi R8 LMS #26 (Saintéloc Racing), Fred Bouvy/Christian Kelders/Marc Rostan

Трката во Spa понуди многу возбудливи моменти, а во текот на првата половина водеше Auto Sport Promotion Mercedes-AMG GT3. За жал, AMG возилото мораше да биде задржано на последното влегување во боксот за возачот да не го надмине лимитот од 65 минути, па така Mercedes-от заврши на третата позиција, зад Bentley.

Audi R8 LMS #5 (Audi Sport Team WRT), Marcel Fässler/André Lotterer/Dries Vanthoor

Четвртата позиција му припадна на Porsche 911 GT3 R на Laurens Vanthoor, Kevin Estre и Michael Christensen. Овој автомобил заврши само 1 минута и 7 секунди зад победничкото Audi. Кратките времиња меѓу победничките тимови зборуваат за напнатата атмофера за време на 24-часовната трка.

Audi R8 LMS #1 (Audi Sport Team WRT), Antonio García/Nico Müller/René Rast

Chris Renke од Audi Sport Customer Racing изјави дека „им испраќа искрени честитки на возачите и тимот. Ова беше исклучително тешка година за 24 Hours of Spa, бидејќи конкуренцијата е моќна и никој не доминираше на трката. Ова што го видовме викендов беше одлична реклама за GT3 трките.“

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.