Во однос на истиот период минатата година, продажбата на електрични возила во Европа е зголемена за дури 49 проценти!
Расте побарувачката за електрични возила во Европа, а по сè изгледа дека тој тренд ќе продолжи. Европската Асоцијација на Производители на Автомобили потврди дека продажбата на електрични возила постави нов рекорд во првата четвртина од оваа година.
Во првите три месеци од оваа година, продажбата на хибридни возила се зголеми за цели 61.2 проценти на 111.006 возила. Дополнително, продажбата на плаг-ин хибридни возила е зголемена за 13 проценти на 21.644 возила, а побарувачката за електрични возила е зголемена за 49 проценти на 24.592 возила!
Од асоцијацијата изјавуваат дека побарувачката за електрични возила е најголема во Франција каде се продадени 7402 возила, во споредба со 6022 продадени во истиот период минатата година. Во германија продажбата е зголемена за дури 117 проценти, и таа бројка е згоелемена од 2332 возила на 5060. Вкупната бројка на продадени возила на алтернативни горива во Европа е 212.945 возила – зголемување за дури 37.6 проценти во однос на минатата година, а најпопуларно електрично возило е Renault Zoe, кое се продаде во нешто над 9000 примероци.