full screen background image
Search

Skoda продолжува да го открива новиот Karoq

Чешкиот производител продолжува да открива детали од помалиот брат на Kodiaq – и наследникот на Yeti – новиот Karoq!


Премиерата на Karoq е закажана за следната седмица, но Skoda реши да открие неколку детали околу новиот SUV. Гледаме повеќе детали од LED предните светла и маската на ладилинкот, како и LED задните светла. Сите овие компоненти користат „crystalline“ детали кои би требало да евоцираат спомени од чешки стаклени елементи, а острите линии се преопознатливи за Skoda и би требало да му помогнат на Karoq да се издвои од конкуренцијата.

Новиот Karoq ќе биде значително поголем од Yeti (кој го заменува), но и забележително помал од Kodiaq (под кој ќе биде поставен во хиерархијата на SUV моделите на Skoda), а ќе нуди и многу практични детали, како и VarioFlex задни седишта кои овозможуваат индивидуално нагодување, преклопување и отстранување. Karoq ќе ги користи најновите технологии кои MQB платформата и Volkswagen групацијата ги нудат, а официјалната премиера е закажана за 18ти Мај, и тоа во Стокхолм. Karoq би требало да пристигне во салоните во втората половина од оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.