Јужна Кореја гради цел град наменет за тестирање на автономни возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Јужна Кореја гради цел град наменет за тестирање на автономни возила

За прв пат во Азија, владата на Јужна Кореја ќе гради мал град наменет да биде место за тестирање на автономни технологии.

Градот ќе биде наречен K-City и ќе биде изграден на површина од 35 хектари, а ќе се користи од локалните технолошки компании вклучувајќи ги Samsung, SK Telecom и Naver, но исто така и Hyundai и Kia.

Според министерството за животна средина, инфраструктура и транспорт на Јужна Кореjа, K-City ќе содржи автопати, зони за автономно паркирање и автобуски ленти со цел прецизно да се имитира сообраќајот во вистински град. Проектот се очекува да биде комплетиран во 2018, а за негово конструирање владата ќе потроши околу 9.7 милиони долари.

Минатата недела Samsung доби одобрение за тестирање на автономни автомобили на јавните патишта во Јужна Кореја, која сака да стане лидер во регионот во полето на технологии за самостојно возење.

Во Ноември 2016, одделот за транспорт на САД започна со конструкција на простор од 135 хектари во Јужен Мичиген, кој ќе служи како фабрика за тестирање, верификациа и сертифицирање на поврзани и автономни возила. Кога ќе биде отворен, ќе го надмине Јужно-Корејскиот K-City како најголема локација од овој тип.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.