BMW во Шангај го претстави M4 CS, кој ќе ја пополни празнината помеѓу M4 Competition и врвниот M4 GTS.
Иако BMW не го објави обемот на производство, се верува дека исто како и GTS, M4 CS ќе биде произведен во ограничен број бидејќи германскиот бренд ќе ја произведува специјалната верзија само до средината на следната година. Со оглед на тоа дека производството на GTS е веќе завршено, CS е моментално најмоќниот M4 во гамата на производителот.
М4 CS е придвижуван од 3-литарскиот реден шест-цилиндарски твин-турбо мотор кој е приспособен да испорачува 460 коњски сили и 600 Nm вртежен момент. Овие бројки претставуваат зголемување од 30 кс и 50 Nm од стандардниот М4 и се 10 кс и 50 Nm повеќе од Competition изведбата.
BMW искористи неколку „финти“ од GTS за да ја намали тежината на CS, па покривот, спојлерот на багажникот, дифузерот и предниот сплитер се сите направени од пластика зајакната со карбонски влакна. Покрај тоа, вградени се и полесни тапацири на вратите. Сето ова резултира со отстранување на 32 килограми од целосната тежина на М4.
Поголемата сила и намалената тежина во соработка со седум-степената автоматска трансмисија со двојна спојка го забрзуваат M4 CS од 0-100 км/ч за 3.9 секунди, што е 0.3 секунди побрзо од M4 Competition Package. Максималната брзина останува електронски ограничена на 280 км/ч. Според BMW, моделот постави време од 7 минути и 38 секунди на Nurburgring.
Системот за сопирање вклучува опционални шест-клипни предни и четири-клипни задни шепи со карбон-керамички сопирачки, додека суспензијата е добива поцврсти пружини и амортизери. Возилото е поставено на 19-инчни предни и 20-инчни задни тркала.
Цената на моделот во Германија ќе започнува од 116,900 евра или 40,200 повеќе од стандардниот М4 Coupe кој започнува од 76,700 евра.