Луксузниот Lexus NX доби дискретен фејслифт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Луксузниот Lexus NX доби дискретен фејслифт

Јапонскиот бренд го претстави обновениот модел NX на автомобилскиот саем во Шангај.

Визуелните разлики се навистина мали и можат да бидат забележани само од оние кои добро го познаваат јапонскиот SUV. Тие опфаќаат изменети предни решетки, дискретно редизајнирани LED светлосни групи, нов спојлер и светла за магла на предниот дел, како и редизајниран браник со поголеми издувни цевки и обновени светла позади.

Стандардниот модел NX 300 е речиси идентичен со досегашниот NX 200t во поглед на механика и го има истиот 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо-бензински агрегат. NX 300h го задржува 2.5-литарскиот четири-цилиндарец кој работи во пар со електричен мотор и ги задржува истите перформанси како претходно.

Најзначајни измени се направени во суспензијата на NX, која е прилагодена да ги подобри возните својства и управувањето. Lexus исто така ќе го нуди системот за адаптивна варијабилна суспензија од LC 500, кој овозможува до 650 инстантни приспособувања на компресијата и дампирањето.

Поспособниот NX F Sport модел, останува како до сега со NX 300 назнака и се разликува од останатиот дел од гамата со црна решетка, специјални тркала и поинакви материјали во ентериерот.

Ние неодамна го возевме Lexus NX. Прочитајте ги нашите впечатоци од хибридната изведба на луксузниот кросовер на Lexus.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.