full screen background image
Search

I.D. Crozz Concept го носи Volkswagen во сегментот на електрични кросовери

Германскиот бренд го претстави својот трет целосно електричен концепт на актуелниот саем во Шангај.

Следејќи ги компактот I.D. и I.D. Buzz микробусот, новиот I.D. Crozz е базиран на истата модуларна платформа и треба да се појави на пазарот по 2020 година, како еден модел од планираната палета на целосно електрични модели на брендот.

Силата на I.D. Crozz доаѓа од пар електрични мотори, од кои првиот ја погонува предната оска, додека вториот испраѓа сила кон задната. Предниот мотор испорачува 101 коњска сила додека задниот обезбедува дополнителни 201 коњска сила, резултирајќи со вкупно 302 коњски сили системска моќност. Усогласени со батерија од 82 kWh, тие му овозможуваат на кросоверот да забрза од 0-100 км/ч за помалку од 6 секунди и да има автономија до 500 км.

Најимпресивната одлика за батеријата на концетот е дека истата може да биде наполнета до 80 проценти за само 30 минути со користење на 150 kW DC електричен систем за полнење. Исто како кај I.D Buzz и I.D. компактот, батеријата е поставена во подот на возилото за што пониско распоредување на тежината. Системот користи две трансмисии и електричен пренос на погонот кој може да пренесува сила помеѓу оските во зависност која има повеќе тракција.

I.D. Crozz покрај тоа што е целосно електричен, исто така е и целосно автономен. За да може да вози сам, Volkswagen го опреми концептот со четири ласерски скенери кои излегуваат од стаклениот покрив во моментот кога возачот ќе го одбере автономниот режим на возење.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.