full screen background image
Search

Париз 2016: Volkswagen го претстави електричниот I.D. – најавува сериски модел до 2020!

Германците претставија концепт за електричен хечбек кој би бил голем колку Golf – и најавија дека ќе влезе во сериско производство во 2020-тата година!

Volkswagen го претстави електричниот концепт кој се вика едноставно I.D. и со него најавија сериски модел кој ќе се појави на пазарот во 2020. Со концептот Volkswagen најавува и нов дизајнерски јазик, развиен специјално за гамата на електрични возила на брендот.

Под новата каросерија се крие електромотор кој испорачува 168 коњски сили, и му дава на I.D. автономија на електрична енергија меѓу 400 и 600 километри со едно полнење. Други информации сега за сега не се објавени, но се очекуваат кога автомобилот и официјално ќе биде претставен во Париз. Сепак, она што го знаеме е дека Volkswagen ќе го базира новиот автомобил на MEB платформата, и иако новиот хечбек ќе биде со димензии на Golf, во ентериерот ќе нуди простор како во Passat.

Според официјалните податоци кои Volkswagen тукушто ги објави, на ID му се потребни помалку од 8 секунди да постигне 100 километри на час, а максималната брзина е 159 километри на час. Како што веќе напоменавме, во официјалните тестирања автономијата е меѓу 400 и 600 километри. Тежината е дистрибуирана 48:52, благодарение на ниско поставените батерии, со цел да се добие неутрално управување. Батериите можат да бидат наполнети до 80% од нивниот капацитет за само 30 минути.

Новиот I.D. е првиот Volkswagen кој може целосно автономно да го преземе управувањето. Возачот само треба да притисне на логото на VW поставено на управувачот и за три секунди, автомобилот ќе започне самиот да се управува, а управувчот ќе се повлече во централната конзола. Ласерски скенери поставени на кровот на автомобилот, предна камера, странични камери и радарски и ултрасонични се задолжени за наведување на возилото, а автомобилот самиот ќе може да најде и паркинг место. Сепак, автономните функционалности ќе бидат достапни од 2025-тата година.

Поврзано:   ПАНОРАМА: Volkswagen Golf 8 - Осма генерација на автомобилот по кој цела класа доби име

Интересно е што Volkswagen не само што најавува сериска верзија на I.D. до 2020-тата година, туку уште сега кажаа дека новиот електричен автомобил (кој ќе се нуди паралелно со легендарниот Golf) ќе чини колку Golf во дизелска изведба. Во ред, не знаеме дали тоа значи дека ќе чини колку Golf 1.6 TDI или колку Golf GTD, но сепак тоа ветува многу!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.