full screen background image
Search

Париз 2016: Ова е новиот супер-спортски Honda Civic Type R!

Honda во Париз ја претстави супер-спортската изведба на новиот Civic – повторно ќе ја носи ознаката Type R, но се очекува новиот Civic да биде уште помоќен и побрз од тековниот!

Сега за сега нема никакви податоци за тоа што се крие под поклопецот на моторот на новиот Civic Type R, но можеме да претпоставиме дека новиот јапонски хот-хеч ќе носи некаква помоќна изведба од тековниот 2-литарски турбо VTEC бензинец. Во тековниот Civic Type R моторот испорачува 306 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, а се претпоставува дека во новиот автомобил ќе испорачува некаде околу 350 коњски сили.

Погонот ќе остане на предните тркала, а преносот ќе биде преку 6-степен мануелен менувач. По премиерата во Париз, концептот ќе оди на SEMA шоуто во Америка, а продажбата глобално ќе започне на почетокот на следната година. Да бидеме трпеливи!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.