full screen background image
Search

Париз 2016: Hyundai го претстави екстремниот RN30 со 380 коњски сили!

Hyundai го најави и денес го претстави екстремниот RN30 концепт – кој не само што го најавува новиот i30 N, туку јасно и гласно ја истакнува посветеноста кон перформансите на корејскиот бренд!

„RN30 е концепт за силен автомобил со високи перформанси кој нуди диманично, спортско возење. Наскоро ќе еволуира во нашиот прв N-модел. RN30 е инспириран од нашата страст да понудиме автомобил со високи перформанси во кој секој може да ужива. Користевме од нашата експертиза и нашиот успех во спортот – за да испорачаме емотивно уживање низ мешавина од перформанси и контрола – а тоа е целта која N-моделите на Hyundai сакаат да ја остварат во иднина.“ – извјаи Albert Biermann – одговорниот за тестирање и развивање на возила со високи перформанси во Hyndai Motor.

Амбициозно? Секако – но кога ќе видиме што се крие под оваа екстремна каросерија (која изгледа како да е од некој Transformers филм), амбициите на Hyundai N се јасни – под сето ова се крие 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 380 коњски сили и 451 Nm вртежен момент. Моторот е развиен од Hyundai N специјално за моделите со високи перформанси, а силата се испорачува преку менувач со двојна спојка. Автомобилот доаѓа со rev-matching технологија, но и напреден, електронски диференцијал со ограничено пролизгување.

Луѓето од Hyundai не ги кријат своите амбиции. Конкуренцијата сигурно внимателно гледа и следи што се случува!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.