Првиот SUV на британскиот премиум бренд официјално е прогласен за Светски Автомобил на Годината за 2017, но истовремено ја однесе и наградата за најдобар дизајн!
Пред само неколку моменти официјално беа прогласени победниците за Светски Автомобил на Годината – и титулата му припадна на Jaguar F-Pace. Првиот SUV на британскиот премиум бренд зема многу награди и признанија, а наградата за Светски Автомобил на Годината е своевиден шлаг на тортата. Покрај врвната награда, Jaguar F-Pace ја освои и наградата за најдобар дизајн за 2017, и со тоа ја потврди својата доминација.
F-Pace е најбрзо продаваниот глобален модел на брендот, а Jaguar истовремено може да се пофали дека е и најбрзорастечки европски автомобилски бренд.
Дополнително, со награди на овогодинешниот избор за Светски Автомобил на годината се закитија и:
- Урбан Автомобил на Годината – BMW i3
- Луксузен Автомобил на Годината – Mercedes-Benz E-Class
- Спортски Автомобил на Годината – Porsche 718 Boxster & 718 Cayman
- Зелен Автомобил на Годината – Toyota Prius Prime