Производството на Viper наскоро престанува, а долгогодишниот партнер на Dodge за моторни масла Pennzoil објави атрактивно видео за збогување со суперавтомобилот.
Повторно како и во претходните видеа, исто така и ова е снимено од страна на JWT Atlanta, кои според нас би требало да ги снимаат сите брканици со автомобили во Холивудските филмови, бидејќи се одлични во тоа што го работат. Задолжен за управување на моќниот Viper бил професионалниот возач Rhys Millen, познат по претходните епизоди на Pennzoil.
Препорачуваме гледање на цел екран со повишен тон за доловување на целосната атмосфера од краткиот филм. Уживајте!