full screen background image
Search

Genesis го најавува влезот во сегментот на луксузни SUV со новиот GV80 Concept

Новиот концепт на луксузниот под-бренд на Hyundai е нивната визија за тоа како треба да изгледа и да функционира еден луксузен SUV, кој истовремено е придвижуван од модерен погон кој користи горивни ќелии.

GV80 е интересен концепт – бидејќи ја прикажува визијата за луксузен SUV од бренд кој нема никаков „багаж“ кој би го насочувал дизајнот во овој сегмент. Според Luc Donckerwolke – одговорниот за дизајн во Genesis – „концептот е SUV кој ја нагласува самодовербата и еволуцијата на Genesis brendot. Дизајнот е безвременски, со дискретна но динамична комплексност на површините.“

Наш впечаток е дека GV80 изгледа како модерен луксузен SUV – а токму тоа е пораката која Genesis сака да ја пренесе. Поставен на големи, 23-инчни „мрежести“ фелни, големиот SUV изгледа самоуверено и достоинствено. Во кабината доминираат одличнта изработка, напредните технологии и вниманието посветено на деталите. Главен акцент има големиот, 22-инчен закривен OLED дисплеј кој фунцкионира „двозонски“ – односно дел е наменет за возачот, а дел за совозачот.

Вниманието ни го привлекуваат и страничните Б-столбови кои уникатно изведени и дозволуваат поголема прегледност но и подобро навлегување на светлина во кабината. Сè на сè, концептот е одлична најава за можностите и аспирациите на Genesis, и според она што неофицијално го кажуваат, наскоро би требало да видиме и сериски SUV од брендот кој ќе треба да се бори со навистина компетентните конкуренти од Европа и Јапонија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.