full screen background image
Search

Женева 2017: BMW ги претстави М Performance додатоците за новата Серија 5 Touring

Баварскиот производител во Женева изложи примерок од караванската изведба на новата Серија 5 опремена со сите достапни M Performance додатоци.

Пакетот содржи зголемување на силата за 540i xDrive Touring, кој добива дополнителни 34 кс и 50 Nm, подигнувајќи ја силата на 360 кс и 500 Nm вртежен момент. Дополнителната сила исто така го подобрува одзивот на педалот за гас и влечната сила, додека M Performance издувниот систем е тука, како за изглед, така и за да обезбеди побогат звук.

Издувниот систем ќе може да се добие кај моделите 540i xDrive Touring, 530i Touring, 530d xDrive Touring и 520d Touring, а во зависност од тоа кој модел го имате, тој доаѓа или со заоблени или трапезоидни издувни цевки, во хромирана или карбонска текстура.

M Performance спортскиот систем за сопирање е тука за да осигура високи нивоа на термичкa флексибилност при сопирање. Тој вклучува внатрешно вентилирачки и перфорирани сопирачки дискови заедно со четири-клипни фиксирани шепи. Црвените шепи служат како визуелен потсетник дека дизајнот доаѓа од тркачката серија.

Што се однесува до екстериерот, тој добива преден браник со карбонски додатоци и заден дифузер. Купувачите можат да одберат и карбонски капаци за ретровизорите, црна решетка на ладилникот, налепници за страничните прагови и контрастни украсни ленти. Новите тркала се лесни алуминиумски 20-инчни фелни, кои можат да се добијат во сива боја или двобојно издание.

Ентериерот може да се добие со M Performance спортски волан со лопатки за мануелно менување на степените кај возилата кои доаѓаат со осум-степен Steptronik менувач. Воланот е обвиен во алкантара и украсен со сребрени везови и централна маркација на горниот среден дел.

Поврзано:   BMW X2 Edition M Mesh - Визуелен пакет за баварскиот кросовер.


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.