Брендот DS ќе лансира по еден модел на секои 12 месеци во наредните шест години – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Брендот DS ќе лансира по еден модел на секои 12 месеци во наредните шест години

Веднаш по претставувањето на DS7 Crossback, Францускиот бренд ги објави своите амбициозни производствени планови.

Според Autocar, луксузниот огранок на Citroen ќе лансира нов модел на секои 12 месеци. Првиот од овие ќе биде DS 3 Crossback, наменет да му се спротивстави на Audi Q2, а потоа ќе следи ривал на Audi Q7, кој ќе биде наречен DS 9 Crossback.

Покрај тоа, се зборува дека ќе биде лансирана и замена за сегашниот DS 3, како и два луксузни седани, именувани DS 5 и DS 9. Сепак, иднината на DS 9 зависи од претстојната побарувачка на Кина за големи луксузни седани во наредните години.

Иако компанијата останува таинствена за своите планови, потпретседателот за маркетинг на DS – Арно Рибо навести дека зголеменото семејство на седани и кросовери навистина ќе се случи.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.