full screen background image
Search

Вечерно Кино: Ferrari го слави 70-тиот роденден!

Пред точно 70 години (и еден ден) – на 12ти Март 1947-ма година – Enzo Ferrari го стартуваше моторот на првиот модел на својата компанија и го повозе низ улиците на Maranello!

Цела оваа седмица, Ferrari ќе го слави својот 70-ти роденден, и ќе ги прославува 70-те години наследство кај спортските и тркачките автомобили. На 12-ти Март 1947-ма година, легендарниот Enzo Ferrari го стартуваше моторот на својот прв автомобил – 125 S – и го повозе низ улиците на Maranello.

125 S е првиот автомобил кој ја носел значката на Ferrari, а задолжен за неговото движење бил 12-цилиндерски мотор дизајниран од Gioacchino Colombo на кој му помогнале Giuseppe Busso и Luigi Bazzi. Само два месеци по првото тест-возење – на 11ти  Мај истата година – автомобилот го имаше своето деби на Piacenza тркачата патека.

Токму во чест на овој јубилеј, италијанскиот производител на супер-автомобили го подготви ова специјално видео, и официјално ја претстави LaFerrari Aperta, која е во центарот на прославата по повод 70-годишнината на брендот. LaFerrari Aperta го носи истиот хибриден погон како и верзијата со тврд покрив – а тоа значи врескачки V12 и електромотор за вкупна системска моќност од 963 коњски сили и повеќе од 900 Nm вртежен момент!

Во текот на оваа година прекѕ 60 земји ќе учествуваат во прославата и ќе организираат настани кои ќе оддаваат чест на овој јубилеј. Овие настани ќе бидат дел од Drive by Emotion концептот на Ferrari, и ќе бидат прилагодени кон клиентите и ентузијастите, a LaFerrari Aperta ќе биде приустна на секој од овие настани како симбол на годишнината. Конечно, главната прослава ќе се случи на 9ти и 10ти Септември во Maranello, каде ќе бидат организирани дополнителни настани со цел да се оддаде почит кон историјата на брендот.

Поврзано:   Loma Design подготви моќен тјунинг пакет за Ferrari Portofino

Среќен роденден Ferrari!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.