Париз 2016: Отворената LaFerrari Aperta нуди полесен пристап до V12 симфонијата – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Париз 2016: Отворената LaFerrari Aperta нуди полесен пристап до V12 симфонијата

Ако постоеше една работа која му недостасуваше на Laferrari, тоа беше недостатокот од можноста за отварање на покривот, а решението е новата отворена Aperta изведба.

Ferrari сега успеа да најде начин да го направи LaFerrari уште попосакуван со отстранување на неговиот покрив. Оние кои се доволно богати за да го поседуваат можат да го добијат со опционален мек кров или карбонски тврд покрив, кој ќе го употребат кога нема да има временски услови за ‘отворено’ возење. Одделот за дизајн на компанијата вложил напори за да го задржи изгледот на купе моделот колку што е можно повеќе, додека инженерите кои биле задолжени за создавање на ветробрански систем требале не само да ја подобрат аеродинамиката, туку исто така и да им овозможат на оние во автомобилот да можат да комуницираат при високи брзини.

Можеби најимпресивното нешто за моделот Aperta е дека има исти перформанси со стандардниот LaFerrari, дури иако има мало зголемување на тежината. Новиот водечки модел со отворен кров од Маранело забрзува од 0-100 км/ч за помалку од 3 секунди, од 0-200 км/ч за помалку од 7 секунди и од 0-300 км/ч за 15 секунди, на патот кон неговата максимална брзина од 350 км/ч.

afafaef

Хиперавтомобилот е погонуван од истиот високо-технолошки хибриден погон од Ferrari LaFerrari купе изведбата со моќен V12 агрегат со 800 кс кој работи заедно со електричен мотор од 163 кс и испорачува комбинирана сила од 963 кс и повеќе од 900 Nm вртежен момент.

Според Ferrari, новата Aperta се одликува со иста торзиона крутост како моделот со фиксен кров и кога е со кренати странични прозорци има идентичен коефициент на воздушен отпор дури и кога се вози без покрив.

Поврзано:   Ferrari 296 GTB на Novitec има 856 коњски сили!

Италијанскиот бренд не објави колку примероци ќе бидат произведени, ниту по која цена ќе бидат продавани. Сепак, се шпекулира цена од околу 3.5 милиони евра по примерок, без платени даноци.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.