full screen background image
Search

Париз 2016: Пристигна електричниот Renault Zoe ZE 40 со автономија од 400 километри

Францускиот бренд го опреми целосно електричниот модел Zoe со батерии од 41 kWh, благодарение на кои доби речиси двојно поголемa автономија на електрична енергија

Додека помалите батерии од 22 kWh беа доволни за опсег од 240 километри, новите значително ја подобруваат должината на патување со едно полнење. Според Renault, во реални услови на возење во секојдневен сообраќај опсегот на Zoe е зголемен од 170 километри на импресивни 300 километри.

Новите поголеми батерии, кои се развиени од Renault во соработка со LG Chem, ќе се полнат за речиси исто време како помалите. Доколку сте во брзање, полнењето на Zoe ZE 40 за половина час ќе ви овозможи сосема доволно електрична енергија за патување во должина од 80 километри. Исто така достапна е функција за брзо полнење за оние кои имаат пристап кон брзи полначи, кои Renault вели дека обично се наоѓаат покрај големите автопати.

Исто како помалите батерии, поголемите 41 kWh батерии се произведуваат во фабриката на Renault покрај Париз, каде се склопуваат моделите на Zoe и Clio. Новата ZE 40 верзија ќе започне со продажба на Европскиот пазар уште од наредниот месец.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.