full screen background image
Search

Ford Ranger Wildtrak пристигна во Македонија!

Повеќенаменскиот теренец на Ford кој под поклопецот крие 3.2-литарски турбодизел со 200 коњски сили и 475 Nm вртежен момент пристигна и во Македонија!

Ford Ranger Wildtrak е едно од оние возила кои не можат да не ви остават интересен впечаток – особено кога знаеме дека под поклопецот се крие 3.2-литарски пет-цилиндерски турбодизел кој испорачува 200 коњски сили и 475 Nm вртежен момент.

Токму ваков Ford Ranger пристигна и во Македонија – и наскоро ќе го гледаме почесто и по нашите улици – но уште поважно, и надвор од нив. Ние минатата година имавме можност подобро да го запознаеме Ranger Wildtrak во Словенија, но и самите да ги искусиме неговите теренски способности. Ranger Wildtrak ни остана во сеќавањата како компетентен и робустен повеќенаменски автомобил, наменет за оние кои имаат животен стил кој побарува вакво возило. Прочитајте повеќе за Wildtrak и дознајте повеќе за неговите теренски способности!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.