Aestetics A Concept го најавува новиот дизајнерски јазик на Mercedes-Benz – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aestetics A Concept го најавува новиот дизајнерски јазик на Mercedes-Benz

Mercedes-Benz го најави новиот дизајнерски правец по кој ќе се движат претстојните компактни возила, со скулптурата наречена Aestetics A.

Во наредните три години, дури осум модели од овој Германски бренд ќе добијат изглед инспириран од овој концепт, вклучувајќи ги новите генерации на A-Class и B-Class. Понатаму, овие дизајнерски одлики ќе се прошират и кај моделите CLA, CLA Shooting Brake и GLA.

Според Mercedes, дизајнот најавен со Aestetics A е еволуција на досегашниот „Сензуално Чист“ дизајнерски јазик. На предниот дел, овие измени вклучуваат нова маска, која го добива изгледот на Panamera решетката од врвниот спортист AMG GT-R, додека поклопецот на моторот се одликува со агресивни линии и остри набори.

Можеби најочигледната промена се поедноставениот страничен профил. Наместо досегашните неколку линии и форми, страните сега се карактеризираат со една линија која се протега од завршетоците на предните до задните светлосни групи. Ова го дискутираше Горден Вагенер – главниот дизајнер на Mercedes-Benz, кој изјави дека „формата и телото се тоа што останува кога линиите и наборите се намалени на минимум.“

Покрај имплементацијата на овој дизајнерски јазик кај помалите компактни модели, се очекува и новиот CLS да се здобие со овие дизајнерски одлики.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.