full screen background image
Search

Се појави првата фотографија од новиот McLaren 720S

Со прикажувањето на новиот суперавтомобил на McLaren на потенцијалните идни купувачи на тајни настани во САД, беше само прашање на време кога ќе се појави пред неговото јавно претставување на саемот во Женева.

Фотографијата прикажува портокалов примерок од моделот, кој најверојатно ќе биде наречен 720S, фотографиран во текот на еден од настаните за промоција. Со кодно име P14, новиот McLaren се очекува да испорачува 720 кс од преработениот твин-турбо V8, сместен во најновата карбонска монокок конструкција на компанијата, благодарение на која ќе биде 18 килограми полесен од 650S во слична конфигурација. Целосната тежина на моделот ќе биде 1,283 килограми.

Новиот McLaren 720S ќе располага со едни од најимпресивните аеродинамички решенија во класата и специјален режим на возење за на тркачка патека исто како P1. Во истите извештаи се спомнува дека новиот модел ќе биде всушност побрз од P1 на тркачките патеки. Дизајнот е целосно различен од 650S, така што каросеријата се одликува со многу почисти линии и поинаква линија на кровот, како дел од новиот Monocage II.

Бидејќи првата фотографија веќе се прошири на интернет, не би биле изненадени доколку McLaren се одлучи да го претстави новиот суперавтомобил порано од планираното.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.