Ќе пристине ли Coupe варијанта од Fiat 124 во 2017? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ќе пристине ли Coupe варијанта од Fiat 124 во 2017?

Се шпекулира дека наредната година за прв пат ќе биде претставена купе изведба од италијанскиот роудстер во сериска изведба.

Причината поради која се очекува Fiat да создаде купе од преродениот 124 е бидејќи оргиналниот модел имаше купе изведба базирана на седанот, но ја делеше истата нумериска ознака. Во тоа време, седанот пристигна прв, а беше следен од Fiat 124 Spider и Coupe моделите.

На денешен ден, Fiat не го базираше моменталниoт 124 Spider на платформа од седан, туку потпиша партнерство со Mazda за соработка за развој на роудстерите. MX-5, кој е во “роднинска врска” со 124 Spider доби fastback варијанта со тврд кров наречена MX-5 RF. Во меѓувреме, Fiat се очекува да развие купе на платформата од 124 Spider, кое би можело да биде претставено за јавноста до крајот на наредната година.

Италијанскиот бренд веќе објави варијанта со тврд кров со прикажување на концептот наречен Abarth 124 Rally. Fiat најверојатно ќе го обликуваат кровот во ретро форма, со пократка должина и поисправено задно ветробранско стакло.

Се очекува Fiat да го нуди 124 Coupe со истите погонски единици како 124 Spider, a исто така би требало да пристигне и Abarth варијанта, особено откако Италијанскиот спортски бренд го постави своето име на концепт кој веќе прикажа 124 Coupe.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.