full screen background image
Search

BMW од далечина заклучи автомобил за да „улови“ крадец кој го украл возилото!

Полицијата во Сиетл успеа да фати крадец на автомобили во соработка со BMW – кои не само што го најдоа автомобилот, туку успеjаа да го заклучат возилото со крадецот во него!

Johan Spagenthal-Lee, одговорниот за комуникација во полицијата на Сиетл објави интересна објава на официјалниот блог, каде препорача дека ако сте во украден автомобил, можеби тоа не е најдобриот момент малку да дремнете.

„Во Неделата наутро, крадецот се разбуди од длабок сон и се пронајде заклучен во украдено BMW, во истиот момент кога припадниците на полициските сили му се наближуваа.“ – напуша Spagenthal-Lee. Крадецот го нашол клучот во автомобилот, кој бил заборавен внатре во автомобилот (многу убаво..) и решил да се почести со луксузниот автомобил.

Веднаш штом забележал дека му го нема автомобилот, сопственикот ја пријавил кражбата, а полицијата на Сиетл контактирала со BMW кои успеале да го најдат автомобилот во населбата Ravenna во Сиетл. Автомобилот бил паркиран, моторот сè уште работел, а крадецот спиел зад воланот. Вработените во BMW успеале од далечина да ги заклучат вратите со што го затвориле и осомничениот. Тој покрај за кражба, е обвиен и за поседување дрога.

Сепак, во целата приказна, покрај можноста за далечинско заклучување на вратите, се наметнува и уште една точка за дискусија – дали со новите Keyless системи нашите возила се поподложни на крадење? Не знаеме точно за кој модел на BMW се работи, но претпоставуваме дека во случајот е понов модел на баварскиот производител.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.